Најава
Најнови производи
Сансеверија | Индијанско перо
- Детали
- Напишано од Сузана Ш.
- Категорија: Статии за цвеќе
- Посети: 9241
Сансеверијата или често нарекувана и индијанско перо (лат. Sansevieria) е многу отпорно декоративно собно растение. Води потекло од тропските делови на Јужна Африка. Идеална е за одгледување кај луѓе кои имаат премногу работни обврски, бидејќи не бара премногу нега. Најмногу е присутна во деловни простории и канцеларии.
Куќна среќа | Билка која носи радост во домот
- Детали
- Напишано од Сузана Ш.
- Категорија: Статии за цвеќе
- Посети: 4520
Куќна среќа (лат. Soleirolia soleirolii или Helxine soleirolii) е нискорастечко растение, кое често наоѓа примена во терариуми или други видови на стаклени мини градини. Води потекло од Сардинија и многу лесно се одгледува.
6 совети за нега и одржување на Божиќната ѕвезда
- Детали
- Напишано од Сузана Ш.
- Категорија: Статии за цвеќе
- Посети: 9445
Божиќното Цвеќе Euphorbia pulcherrima, или кај нас попозната како Божиќна Ѕвезда е предвесник на доаѓањето на Божиќните и Новогодишните празници. Со својата свечена црвено зелена боја одлично се вклопува во празничната декорација на секој дом.
Божиќното Цвеќе е повеќегодишно растение кое покрај во црвена боја, можете да го најдете и во жолта, розева, бела и крем варијанта.
Бенџамин | Најпознатото собно тропско растение
- Детали
- Напишано од Сузана Ш.
- Категорија: Статии за цвеќе
- Посети: 6447
Бенџаминот (лат.Ficus benjamina) или уште познат под името расплакана смоква е омилено собно растение кое води потекло од тропските предели на Азија – Индија и Малезија. Со малку нега може да прерасне во прекрасно тропско дрво или во поголема грмушка во домот. Од него можете да создадете (додека е младо) свое бонсаи дрво во кое ќе уживате. Бенџаминот е најпознат вид од родот на фикуси.
Разубавете го својот дом со фикус
- Детали
- Напишано од Сузана Ш.
- Категорија: Статии за цвеќе
- Посети: 6904
На прво место меѓу растенијата со зелени листови е токму растението Ficus. Сега постојат и нови форми на растенија кои се декоративни и лесни за одржување, затоа го препорачуваме фикус растението како дел од декоративната колекција на растенија.



