default_mobilelogo
 82446595 158900902109713 7557943741357490176 n
 
Јерихонска РУЖА - позната и како Светата ружа-симбол на вечен живот. Бесмртно цвеќе. Вистинско чудо. Може да живее без вода 50 години.
Се смета за СИМБОЛ НА СРЕЌА, ЉУБОВ, ИЗОБИЛСТВО, ПЛОДНОСТ, пари, вечност и успешна иднина. И една таква може да се предава од колено на колено и да носи мир и благослов во куќата.
Во Баварија каде е и најраспространета во Европа, постои обичај оваа роза да ЈА ДАРУВААТ НА МЛАДОЖЕНЦИТЕ на денот на свадбата. Кога ќе дојде денот да младото семејство почне да очекува принова во домот и идната мајка почнуваат да ја фаќаат породилни болки, тогаш ружата ја заливаат со млака вода и уште пред да се појави новиот живот на свет, ружата се разеленува во време од околу 60-90 минути таа расцветува.
Таа чудесна појава може да се набљудува со голо око и од восхитување и неверување луѓето почнуваат да се молат.
 
81720922 158900985443038 4744094517223751680 n
 
Навистина интересна глетка може да приушти оваа ружа, посебно ако се набљудува заедно со децата. Таа не е никаква виртуелна играчка туку реално суштество кое можете да го оставате да спие, да одмара недела-две, повторно да го разбудите (оживеете) и се така до недоглед.
Во сува форма е во вид на клопче и се додека не и додадете вода за да се отвори и разеленее. Многу лесна за чување, баш како лампион,ставете ја во кутија и може со месеци да ја заборавите, а кога сакате да ви го украси домот тогаш ја поливате со вода. Називот на lat. Anastatica hierochuntica
 
174219368 4208396799171915 782812102133272734 n
 
Способноста на растението да ја менува формата и да оживува во поволни услови го направија симбол на воскреснувањето и вечниот живот (англискиот назив за него е — resurrection plant)
Ботаничарите дошле до сознание дека ако ова растение се чува во просторија во која се пуши, таа го освежува воздухот.
Потеклото и е од палестинскиот град Јерихон кој впрочем и се смета како најстар град во светот.За ова растение велат дека за прв пат се споменува осум века пред Христа.
 
20210427 181318