Најава
Најнови производи
Хлорофитум │ Најголемиот прочистувач на воздухот во домот
- Детали
- Напишано од Сузана Ш.
- Категорија: Статии за цвеќе
- Посети: 2437
Идеален е за одгледување во ентериери – дневна соба или канцеларија.
Хлорофитумот (лат. Chlorophytum) или уште познат како зелен лилјан припаѓа на фам. Liliaceae. Потекнува од Јужна Африка. Името го добил поради зелената боја на убавите трајни листови. Родот го сочинуваат повеќе од 200 видови растенија. Особено е популарна „шарената“ сорта Variegatum, кај која на листовите има една или две жолтеникаво бели пруги распоредени по нивната должина.
Антуриум | Синоним за гостопримливост
- Детали
- Напишано од Сузана Ш.
- Категорија: Статии за цвеќе
- Посети: 2641
Антуриумот или уште познат како фламинго цвеќе или обоен јазик, претставува декоративно тропско растение кое води потекло од топлите краеви на Централна Америка. Се карактеризира со темнозелени, тврди, кожести, длабоко зарежани листови и прекрасни, восочни, срцевидни цветови. Цветовите може да бидат бели, црвени или розови. Цвета секоја година, најчесто од февруари до јули.
Монстера │ Тренд на уредување на ентериери со оваа собна билка
- Детали
- Напишано од Сузана Ш.
- Категорија: Статии за цвеќе
- Посети: 1209
Во последно време, во светот завладеа тренд во уредување на ентериерите со кактуси, еукалиптус, палмини листови и монстера, како во форма на живи растенија, така и во форма на принтани тапети, слики или пак теписи и разновидни украсни детали.
Монстера (Monstera deliciosa) е популарно украсно собно растение кое поради изгледот на своите листови се нарекува швајцарско сирење. Некои ја нарекуваат филадендрон, иако не спаѓа во групата на филадендрони. Доста е отпорна и лесно се одржува. Со мало внимание и правилна нега, монстерата со години ќе го украсува вашиот дом.
Драцена| Тропско собно цвеќе
- Детали
- Напишано од Сузана Ш.
- Категорија: Статии за цвеќе
- Посети: 3289
Драцената (Dracaena) потекнува од тропските краеви на Африка и има околу 40 видови. Ова собно растение е многу елегантно, со прекрасни свиткани зелени листови кои може да бидат еднобојни или со линии. Зависно од видот, расте од 1 до 3 m.
Интригантни саксии на германското студио - NEBL
- Детали
- Напишано од Сузана Ш.
- Категорија: Статии за цвеќе
- Посети: 1568
Пробивањето во секој аспект од нашите животи на некој начин исто така може да ја објасни зголемената популарност на домашните растенија овие денови. Толку сме опседнати со сите екрани околу нас, паметни уреди и паметни домови,што понекогаш посакуваме за старите добри времиња. Внесувајќи ја природата во нашиот дом, како да создаваме противтежа на сите дигитални работи што ги поседуваме.