Најава
Најнови производи
Цвеќето носи радост во животот
- Детали
- Напишано од Сузана Ш.
- Категорија: Статии за цвеќе
- Посети: 2982
Правилно избраното собно цвеќе можи да ја оплемени енергијата во Вашиот дом, да донесе мир, хармонија и среќа.
Се верува дека цвеќето расти добро во домот кој што е полн со љубов. Има вистина во тоа, бидејќи докажано е дека измеѓу цвеќето и човекот постои размена на енергијата.Личноста која внимателно го негува цвеќето, зборувајќи му и пазејќи го, од него за возврат ќе бидат наградени со добра енергија.
Замија | Цвеќе за декорирање на домот и канцеларија
- Детали
- Напишано од Сузана Ш.
- Категорија: Статии за цвеќе
- Посети: 3089
Замијата (лат. Zamioculcas zamiifolia) е растение од групата на сукуленти, меѓутоа се одгледува и како собно растение. Води потекло од Африка. Се работи за растение кое достигнува височина од еден метар и кое создава повеќе фиданки во вид на стебленца на кои се наоѓаат парови сјајни, мазни и цврсти зелени листови. Заради своите декоративни листови, најмногу се користи за хортикултурно уредување на ентериери.
Стефанотис | Мадагаскарски Јасмин
- Детали
- Напишано од Сузана Ш.
- Категорија: Статии за цвеќе
- Посети: 3862
Мадагаскарскиот јасмин (лат. Stephanotis floribunda) е карактеристично растение со зелени дебели лисја и бели цветови. Погодно е да се одгледува во стаклени оранжерии, но во последните десет години се докажало дека може да се одгледува и во домашни услови во саксија и во дворот како ползечко растение кое ќе ги краси вашите ѕидови или перголи.
6 совети за нега и одржување на Божиќната ѕвезда
- Детали
- Напишано од Сузана Ш.
- Категорија: Статии за цвеќе
- Посети: 5127
Божиќното Цвеќе Euphorbia pulcherrima, или кај нас попозната како Божиќна Ѕвезда е предвесник на доаѓањето на Божиќните и Новогодишните празници. Со својата свечена црвено зелена боја одлично се вклопува во празничната декорација на секој дом.
Божиќното Цвеќе е повеќегодишно растение кое покрај во црвена боја, можете да го најдете и во жолта, розева, бела и крем варијанта.
Драцена| Тропско собно цвеќе
- Детали
- Напишано од Сузана Ш.
- Категорија: Статии за цвеќе
- Посети: 3258
Драцената (Dracaena) потекнува од тропските краеви на Африка и има околу 40 видови. Ова собно растение е многу елегантно, со прекрасни свиткани зелени листови кои може да бидат еднобојни или со линии. Зависно од видот, расте од 1 до 3 m.